H&M ВЛЕГУВА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Прва продавница во Скопје

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот ланец на продавници, познат поодржлива мода и квалитет по најдобра цена, е подготвен да ја отвори својата прва продавница во Скопје, Северна Македонија ова лето 2022 година.

Долгоочекуваното отворање на продавница од 2.300 m² ќе биде во популарната шопинг дестинација East Gate Mall во Скопје.


This image has an empty alt attribute; its file name is HM-1-jpg.jpg

„Многусме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Северна Македонија.Верувам дека ќе биде омилена модна дестинација за сите оние кои сакаат да изгледаати да се чувствуваат добро“, изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.


Продавницата H&M во Скопје ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвременски класици, кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …