Францускиот институт во Скопје најавува: Изложба и предавање на двајца еминентни француски автори на тема патеписна книжевност

Францускиот институт во Скопје извести дека в петок, 22 март 2019, со почеток во 10 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје (свечена сала), ќе се одржи предавање на двајца еминентни гости од Франција, г-дин Жан-Лук Коаталем, новинар и писател, и Рони Демеснер, библиотекар и историчар.

Предавањето на двајцата автори, посветено на патописната книжевност, носи наслов „Сегален и Рембо, вкрстени портрети”.
Во холот на Филолошкиот факултет во Скопје ќе биде отворена и изложбата „Патување во слики” на Никола Бувие. За оваа посебна прилика, библиотеката од Женева става на располагање документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.
Настанот е дел од серијата настани во знак на одбележување на Франкофонијата, кои се посветени на делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер, Никола Бувие, а се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.
Жан-Лик Коаталем, Писател и новинар


Писател и новинар по потекло од Бретања, Жан-Лук Коаталем пишува за различни списанија како Grands Reportages и Géo на тема патувања.
Романсиер, новелист и есеист, овој патописец ги има објавено расказите „Мисијата во Парагвај“, во издание на Payot/Voyageurs 1993 и „Патување во Виетнам“, во издание на Le Dilettante 1999, La Table Ronde, Petite Vermillon 2008), комични романи како „Капетан“, во издание на Flammarion 1991, „Синот на факирот“, во издание на Grasset 1998, Livre de Poche 2001.
Коавтор е на два албума со илустраторот Лустал во Casterman.


Рони Демеснер, Библиотекар и историчар


Библиотекар и директор на часови по Историја на книгата, Рони Демеснер соработува со неколку списанија (Le Carnet et les Instants, Le Spantole, Inuits dans la jungle,…).
Пет години по ред анимира книжевни средби во Bozar.
Покрај ова, учествува и во подготовка на Речникот Rimbaud во издание на Laffont (2014).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …