(ФОТО) Ѕирнете во некогашната кула за контрола на летови а денес романтично место за одмор!

Контролната кула за летови од Втората светска војна е се’ поголем хит меѓу љубителите на места од историско значење бидејќи од неодамна во него можат да преспијат – ако се најдат во Шкотска.


HMS Owl е некогашна воздухопловна база која се наоѓа околу девет километри југоисточно од Таин во шкотска висорамнина која своевремено ја користела воената морнарица. Контролната кула од 1957. година е затворена и не се користи за воени потреби, па го откупил брачниот пар Џастин Хупер и Шарлот Седон и го преуредиле за изнајмување.



На преуредување потрошиле пет години а притоа задржале доза на војничкиот дизајн. Собите имаат големи прозорци од кои може да се ужива во спектакуларниот поглед на природата, а за мирен сон на своите гости домаќините се погрижиле со избор на удобни и големи кревети.


Кој посака може да се обиде во билијар или пинг понг, а на располагање им е и кујна во која се послужува појадок. Цената на ноќевање е околу 120. евра.


Повеќе можете да погледнете на овој ЛИНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …