(ФОТО) Во сабота Оливер Спасовски гостин во „Лица и дела“

Саботното издание на „Лица и дела“ на ТВ Сонце, од 21. часот, ќе биде домаќин на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски како министер нашрави многу реформи и новитети во МВР кои се осликуваат и на секојдневниот живот на граѓаните во целата земја.
Министерството реновира и гради многу полициски станици, криминалот е намален, има многу успешни акции на запленување на наркотици и оружје, апсења на многу наркодилери на граничните премини, зголемен е бројот на конфикуваната дрога, а сообраќајните несреќи како и смртноста во истите е намалена.
Оливер Спасовски хумано му помага на народот. Инаку неговиот кабинет вклучува големи професионалци, почнувајќи од Сузе Прањик, која е задолжена за односи со јавноста, и г-дин Митко, кој е шеф на неговиот кабинет, кој секогаш најпрофесионално ја завршува својата работа. Нивниот синдикат овозможи раст на платите на полицијата, а според многумина тој е конструктивен министер и флексибилен пример како еден министер треба да води министерство во државата.
Во четвртокот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е Кејт Мари Брнз во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на свечениот чин по повод предавањето на IADLEST – Сертификатот за меѓународна акредитација на Центарот за полициска обука.

This image has an empty alt attribute; its file name is oliver-spasovski-vo-lica-i-dela-1.jpg
Во своето обраќање Спасовски рече дека со стекнатата меѓународна акредитација, Центарот за обука практично е прв таков образовен Центар во нашата држава, наменет не само за потребите на министерството, туку и за сите оние институции кои што работат на спроведување на законите со посебни овластувања.
„Со оваа меѓународна акредитација не само што се збогатува професионалното портфолио на Центарот за обука, туку истовремено се отвораат нови образовни перспективи за уште поквалитетна стручна и професионална едукација и специјализација на вработените во безбедносните структури, за натамошно пренесување на нови меѓународни искуства и практики следствено модерните полициско-безбедносни стандарди“, потенцираше Спасовски.
Инаку, во сабота, министерот Оливер Спасовски со прашањата на домаќинката Мери Младеновска малку „народски“ ќе ни го приближи соговорникот кој е одговорен за нашата безбедност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …