(ФОТО) Се распадна најголемиот глечер во светот

Гигантскиот глечер, поголем од островот Мајорка, се отцепил од Антарктикот и сега лебди во Веделовото море. Тоа сега е најголемиот глечер во светот што плута по морето, објави Европската вселенска агенција (ЕСА).
Глечерот, кој научниците го нарекуваат А-76, неодамна го фати сателитот Коперникус Сентинел-1 на ЕСА.
Неговата површина е 4.320 квадратни километри – долг е 175. километри и широк 25. километри.
За споредба, областа на најголемиот шпански остров Мајорка е 3.640 квадратни километри.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …