ФОТОГРАФИЈА од риби со необични заби кои со обликот потсетуваат на човечки брзо се прошири на социјалните мрежи.
Објавено е на Фејсбук од риболовната дестинација на Jennette’s Pier во Нагс Хед, Северна Каролина. Станува збор за таканаречената овча риба, која има неколку редови катници наменети за дробење на плен. Името го добила поради устата, која потсетува на уста на овца.
Рибата ја уловил Нејтан Мартин, кој редовно доаѓа на пристаништето.
„Тоа беше многу добра борба и тоа е навистина добар улов, а рибата е многу вкусна“, рекол тој за Би -Би -Си.
Фото: Facebook