(ФОТО) Радиските хитови на годината ќе се избираат на 10. МАРС на 14. ноември

Најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани и испратени до организаторите од над 30 радиостаници во Македонија ќе бидат избрани на 10. Македонски радиски фестивал „МАРС 2017“ кој ќе се одржи на 14. ноември во Македонската опера и балет.
Повеќе од 100 изведувачи и 500 песни биле испратени од македонските радиостаници и, по разгледувањето, најслушаните се ставени на финалната листа според оценката на жирито, составено од претставници на национални и локални радија од различни региони од Македонија.
Изведувачот кој ќе биде прогласен за апсолутен радиски хит за 2017 година ќе добие награда од 60.000 денари, а за авторот на една од финалните песни чиј текст ќе биде прогласен како најдобар од новинари од разни медиуми во Македонија ќе добие награда од 10.000 денари.
Организаторот на „МАРС 2017“, Антонио Димитриевски на прес-конференција денеска рече дека за една деценија МАРС станал манифестација која ги валоризира и наградува и авторите, и изведувачите.
„По многу нешта останавме, не само единствени во земјава, туку и единствени во регионот. Кога почнувавме ги имаше Хрватски радиски фестивал, Србија и Босна и Херцеговина имаа свои радиски фестивали. Нив повеќе ги нема а, ете, ние опстанавме 10 години“, рече Димитриевски.
На МАРС 2017 во МОБ ќе настапи и бендот „Меморија“ кој неколку дена потоа, на 18. ноември, ќе одржи концерт во Метрополис арена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …