(ФОТО) Природни маски за лице: Со нив негата е побезбедна, поефтина и подостапна

Понекогаш наместо да купувате различни козметички препарати, послужете се со она што
веќе го имате. Природната нега на кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна за
употреба.

Тоа е свеж, природен и многу делотворен начин на разубабување. Природата секогаш го дава
најдоброто, но ние треба да знаеме да го искористиме. Најчесто е потребно да одвоите
само неколку минути и да направите хранлива маска за нега на лицето.


Пилинзи (ги отстрануваат старите клетки, ја поттикнуваат регенерацијата на кожата, ја чистат кожата и ја прават да изгледа сјајно и свежо.)

– Пола лажица палента се меша со 2 лажици јогурт за да се добие густа каша. Лицето
измијте го со млака вода и нанесете го пилингот на лицето и вратот. Масирајте со кружни
движења околу 5 минути. Ако имате проблематична т-зона, повеќе внимание обрнете на неа.
Потоа, оставете пилингот да дејствува уште 5 минути и измијте со млака вода, убаво и
детално.


– Сок од еден лимон измешајте со 2 лажици шеќер и масирајте го лицето нежно со прстите и
не притискајте премногу.Пилингот правете го 2-3 минути и исплакнете со млака, па со
ладна вода. Доколку имате многу осетлива кожа, не го практикувајте овој пилинг на лицето
повеќе од еднаш месечно.

Продолжува на следната страна…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …