Додека актерската дива се опоравува дома по болничкото лекување, нејзините пријатели откриваат од што најмногу се плаши една од најубавите жени на планетата.
Легендарната Брижит Бардо излегла од болницата каде што била по втор пат за краток временски период, а нејзините пријатели му се довериле на списанието „Paris Match“ кој е најголемиот страв на актерката.
Од недела, 30 ноември, Брижит Бардо се врати во својот дом во Ла Мадраг за да се одмори по втората хоспитализација оваа есен во Тулон.
Brigitte Bardot convalescente, cette peur qui l’habite : “J’espère qu’on ne fera pas avec moi comme avec Delon” https://t.co/tePlClxFrP
— Gala (@GALAfr) December 6, 2025
Нејзините пријатели, парот Пол и Нану, зборувале за истото списание.
„Таа беше многу уморна, но нејзиниот ум беше сè уште многу остар“, истакнале тие.
Тие додале дека кога ја посетиле кога била во болница за прв пат, им се доверила за кошмарот што ја прогонувал.
„’Вратете се наскоро да ме видите! Вие сте моето семејство, мојот брат, мојата сестра… Се надевам дека нема да ми го направат она што му го направија на Делон и да ме одвојат од луѓето што ги сакам’, ни рече таа во тоа време“, откриле тие.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што Пол и Нану неодамна се преселиле, таа забележала дека Брижит била загрижена дека повеќе нема да доаѓаат во Сен Тропе.
„Брижит ни кажа дека е уморна од живеењето во Ла Мадраго, дека сонува трајно да се насели во Ла Гариг“, откриле нејзините пријатели.
View this post on Instagram
Брижит Бардо се опоравува: Нејзините најблиски не можат да ја контактираат
Оттогаш, овој пар пријатели е многу загрижен. Иако нејзиниот сопруг ги уверил сите дека се вратила дома да се одмори по хоспитализацијата, Пол и Нану изјавија за „Paris Match“ дека не слушнале ништо од неа откако била примена во болницата во Тулон во ноември.
„Од нејзината втора хоспитализација, на почетокот на ноември, се обидуваме да ја контактираме, но залудно. Оставивме многу пораки. Дали таа воопшто знае дека ние, како и некои други, сме загрижени? Толку се плашиме дека ќе помисли дека сме ја напуштиле. Си поставуваме илјада прашања, замислуваме секакви сценарија“, се довериле тие.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни