(ФОТО) ПОСЛЕ ТАЈНА АУДИЦИЈА – Британските медиуми тврдат дека Арон Тејлор-Џонсон е новиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд

Арон Тејлор-Џонсон се смета за фаворит да го игра Џејмс Бонд во следната франшиза, откако наводно учествувал на тајна аудиција.
Британските медиуми пишуваат дека 32-годишниот актер ја импресионирал режисерката Барбара Броколи за време на нивната средба во студиото Pinewood.
Шпекулациите за наследникот на Даниел Крег како агентот 007 траат уште од објавувањето на последниот дел од филмот, и покрај тоа што медиумите ги наведуваат другите кандидати како потенцијален Бонд, се чини дека Арон го презел водството.
„The Sun “ тврди дека Арон бил на аудиција и ги воодушевил режисерот и продуцентите и сега е еден од главните кандидати за улогата.

Арон, кој е оженет со режисерот на „Fifty Shades of Grey“, Сем Тејлор-Џонсон (55), глумеше во филмови како „Bullet Train“, „Kick-Ass“, „Avengers“.
Тој ја започна својата кариера во ТВ серијата „Armadillo“ од 2001. година, пред да се појави во „Bill and Casualty“, а потоа во биографскиот филм за Џон Ленон „Nowhere Boy“ од 2009 година.



За улогата на иконскиот агент се поврзуваа многу познати имиња од Хенри Кавил до Том Харди, а летово британските медиуми тврдеа дека главен фаворит е Идрис Елба.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …