(ФОТО) По дербито од Лигата на шампионите – Слика од тунелот која говори за големината на Модриќ додека неуспешно го тешел Гвардиол: „Не растуривте“

Хрватските фудбалски репрезентативци се собрала по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, а главната улога уште еднаш ја имал Лука Модриќ кој уште еднаш покажал каква големина и лидер е.
Реал Мадрид и во реваншот го победи Манчестер Сити и со убедливи 3:1 (6:3 вкупни) се пласираше во плеј-оф рундата и во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Еден од послабите натпревари, а имаше уште многу оваа сезона, одигра Јошко Гвардиол во одбраната на Манчестер Сити. За вториот гол, Килијан Мбапе си поигра со него и му ја направи ноќта кошмар.
По натпреварот Гвардиол бил неутешен. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од тунелот на кои се гледа како хрватските репрезентативци се собрани и „муабетат“ за случувањата на натпреварот.


На Гвардиол му пришол Лука Модриќ, долгогодишниот капитен на националниот тим. Модриќ се обидел да го утеши својот помлад колега од поразот, а друштво им правел уште еден Хрват, Матео Ковачиќ и дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер.
Според шпанскиот весник „Defensa Central“, Гвардиол искрено му признал на Модриќ: „Не растуривте“. Воедно, Модриќ се обидел да го убеди својот помлад колега што поскоро да ги заборави настаните од натпреварот.

Ова се случувало додека играчите на Реал Мадрид ја славеле големата победа. Откако го утешил својот колега, тој им се придружил на своите играчи на прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Real Madrid C.F. (@realmadrid)

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Лицето му е позатегнато од ТАПАН, наскоро нема да може ни да трепне“: Бред Пит е мета на потсмев, фановите тврдат дека ПОЗНАТИОТ АКТЕР претерал со ботокс

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Иако …