Ирина Шајк се огласи на Инстаграм за да се пофали со фотографија на која позира без ниту едно парче облека на себе, пред нејзиното појавување на карневалот во Рио де Жанеиро.
Имено, 39-годишната руска манекенка пристигнала во Рио во проѕирен бел фустан кој ги истакнал нејзините долги нозе, а непосредно пред да се појави на карневалот позирала целосно гола на Инстаграм.
„Чест ми е што сум дел од парадата вечерва… Нервозна и возбудена! Бразил, те сакам! Ти благодарам за најтоплиот дочек. Каква одлична можност да бидам тука, да ги славиме животот и љубовта“, напиша Шајк покрај фотографијата.
View this post on Instagram
Може да се види како ги покрива градите со рацете, ги покажува сините нараквици и ѓерданот во ист стил кој бил дел од нејзиниот карневалски костим.
Фотографиите кои подоцна ги сподели на нејзината приказна на Инстаграм ја прикажуваат манекенката во син костим кој беше покриен со кристали, а исто така имаше и сини пердуви на главата и грбот.
View this post on Instagram
Манекенката носеше и сандали со прерамки кои допираа до нејзините колена, исто така во сина боја.
View this post on Instagram
Шајк го привлече вниманието пред неколку дена на модната недела во Милано каде се прошета на ревијата за „DSquared2“.
Фото: Принтскрин/Instagram