(ФОТО) Меган Маркл открила кога пристигнува новиот член на кралското семејство


Веќе започна 2019. што значи дека омилениот љубовен пар, на целиот свет, наскоро по прв пат ќе станат родители. Секако, зборуваме за Меган Маркл и принцот Хари.
Но, иако јавноста од почетокот овој пар не го испушта од вид, се’ до сега се криел очекуваниот термин за раѓање на новиот член на кралското семејство.


Сепак, во текот на божиќните прошетки, војвотката до Сасекс на обожавателите им открила возбудлива вест. Еден обожавател ја прашал дали е возбудена поради скорото раѓање на детето, на што Меган кусо одговорила дека се „скоро на крај на патот“. Многумина се посомневале дека Меган ќе роди многу порано отколку што првично се очекувало, но кралскиот пар веќе потврдил дека родители ќе станат на пролет 2019. година.
Иако, пролетта службено почнува на 21. март, Daily Mail тврди дека терминот на породување би требало да биде кон крајот на април.


Кога и Меган да роди, детето ќе го дочека интересно доделување на титула. Именио, веднаш по раѓањето детето ќе дојде на седмо место во наследството за тронот, но за разлика од своите братучеди, принцевите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, нема да добие титула на принц или принцеза. Сепак, кралицата Елизабета II. тој дел од законот може да го промени кога сака, ако така одлучи.
Ако детето на Меган Маркл и принцот Хари биде момче ќе ја добие титулата гроф од Дуимбартон, а ако се роди девојче таа ќе стане лејди Маунтбатен-Виндзор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дарко Андонов – ДААН со „Крајот е спас“: музичка почит и продолжување на едно семејно наследство

  Со песната „Крајот е спас“ македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов – ДААН …