Вели дека не е класичен пензионер затоа што не „заседнал“ со телевизија и тв серии. Мора да гледа Дневник и повремено спортски преноси, а повремено и работи
Еден од најпопуларните водители на просторот на поранешна Југославија, Оливер Млакар, помина повеќе од пет децении на малите екрани, а денес ужива во заслужената пензија.
Вели дека не е класичен пензионер затоа што не „заседнал“ со телевизија и тв серии. Мора да гледа Дневник и повремено спортски преноси, а повремено и работи.
Оливер со години води емисии, но како што истакнува, повеќе не би ја прифатил работата на телевизија.
Имено, тој вели дека повеќе не би дошол на телевизија дури и некој да му понуди добар телевизиски проект и хонорар. Смета дека го дал својот придонес во телевизијата. Остави голема трага во новинарството и радиодифузијата. Кога ја достигнал возраста за пензионирање, ХРТ веднаш го испратила дома. Тоа било во 2003 година, а извесно време водел емисии на други телевизии.
Легендарниот водител денес живее мирен живот со сопругата Дуња на село кај Самобор.
Да потсетиме, Оливер и Дуња имаат две ќерки – Маша и Ива. Маша е доктор по археологија и живее во Велика Британија, а Ива е претприемач со адреса во Загреб.
Фото: Принтскрин/HRT