Холивудската глумица, Хали Бери, на многу необичен начин одлучила да ја испрати 2017. Наместо со вообичаената благодарност за изминатата година Хали Бери една посебна упатила на својот среден прст и му се заблагодарила што секогаш бил со неа кога требало…
Кога во септември оваа година на Инстаграм објавила црно-бела фотографија на која позира со Алекс Да Кид и покрај неа напишала „My balance“, Хали Бери на светот му ги потврдила шушкањата дека е во врска со музичкиот продуцент со вистинско име Александер Грант.
Два месеци подоцна, во средината на ноември 2017. година светот го шокирала веста дека оскаровката Бери е повторно сама и дека на љубовта и дошол крај.
Дали најновата порака од Инстаграм се однесува на бившиот дечко или некој друг никогаш нема да дознаеме, но едно е јасно, Хали Бери е исклучително благодарна на својот среден прст бидејќи секогаш бил покрај неа во 2017., кога и требало.
https://www.instagram.com/p/BdYGICdgJbe/
ekran платформа за слободоумни