Бренда и Брендон Волш повторно застанале пред објективот со цел да го снимат продолжувањето на приказната која во деведесеттите се здоби со планетарна популартност.
Фотографијата на која глумицата Шенон Доерти го прегрнува својот брат од славната серија „Беверли Хилс 90210“, Џејсон Пристли, ја воодушевила јавноста. Имено, Бренда и Брендон Волш повторно застанале пред објективот со цел да снимаат продолжување на приказната која во деведесеттите се стекна со планетарна популарност. Колку се среќни што се повторно заедно покажува и оваа фотографија објавена на Инстаграм профилот на глумицата.
Нејзиниот нежен поглед и образот залепен со неговото лице, со широка насмевка на Џејсон, говорат повеќе од зборови. На сето тоа Шенон во коментарот под сликата напишала:„Близнаците се вратија“, и предизвикала лавина од емоции. Се нижеле срциња, честитки и пофалби на сметка на физичкиот изглед на глумицата.
Едвај ќекаме да видиме како ќе изгледа новиот „Беверли Хилс“ а ако може да се суди според фотките од снимањето ќе биде одлично.
Едвај ќекаме да видиме како ќе изгледа новиот „Беверли Хилс“ а ако може да се суди според фотките од снимањето ќе биде одлично.