(ФОТО) 6. навики на жените кои секогаш изгледаат гламурозно

Откријте ги нивните тајни
Бунди од лажно крзно и свтликави чевли можеби изгледаат раскошно, но, да се биде гламурозен значи многу повеќе од следење на последните трендови.
Ги проучивме навиките на неколку жени кои секогаш зрачат со гламур и откривме што ги разликува од останатите:

Сакаат драма


There is no such thing as sparkling too much 🖤 @samsoesamsoe

A post shared by Fashion Blogger (@constantly_k) on


Иако се држат до модните класици, аутфитите сакаат да ги пополнат со драмаитчни, впечатливи парчиња како светки или раскошни волани. Тие и преку ден носат парчиња кои се типично вечерни, но ги вклопуват така да изгледаат како воопшто да не се трудиле.


Се придржуваат до една боја

Црната од глава до петици секогаш со себе носи малку гламур, но истото вреди и за некои други бои. Црвената сигуно ќе ви ги обезбеди сите погледи, но, ако преферирате елеганција, бирајте нежни, бледи нијанси па дури и бела.

Знаат кога помалку е повеќе

Стејтмент парчиња се мамец за погледи, но тоа не значи и дека секогаш гарантираат гламур. Вистински јунаци на вашата гардероба се основните парчиња кои би требало да преовладуваат во сите ваши комбинации со еден или максимално два впечатливи детали.

Внимаваат на сите детали

Waiting for tonight…

A post shared by Negin Mirsalehi (@negin_mirsalehi) on

Ниту вашиот најелегантен аутфит нема да го даде саканиот ефект ако ноктите или косата ви се неуредни. Гламурозните жени знаат дека маникурата и совршено исфенираната коса се детали кои прават видлива разлик во вашиот изглед, но и во тоа како се чувствувате.

Свесни се за моќта на впечатливиот накит

Големи обетки или раскошна огрлица се сигурен рецепт з кревање на секој аутфит и мамка за погледи. Заборавете на суптилен, несоодветен накит и придржувајте се само до впечатливи парчиња накит за инстант гламурозен изглед.

Знаат во што се исплаќа да се вложи

Гламурозните жени сакаат дизајнерски парчиња, но нив нема да ги видите во тренди Гучи патики.Тие своите пари ги вложуваат во дизајнерските класици, како Шанел ташна или Лоботин штикли, кои никогаш нема да излезат до мода, а секогаш ќе привлекуваат погледи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …