Еден донор утрово спаси четири животи

Од Министерството за здравство информираа дека за прв пат во историјата на македонското здравство, утрово, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

„За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.


Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.
На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување.Горди сме на секој нов успех во македонското здравство.“


 

Фотографиите продолжуваат на следната страна


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …