Документарниот филм „The Walk“ на Тамара Котевска со светска премиера во Њујорк на најголемиот американски фестивал за документарни филмови DOC NYC

Документарниот игран филм „Патување пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска кој се бави со исклучително актуелна и осетлива тема посветена на бегалците од Сирија и Палестина ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9ти ноември оваа година на DOC NYC – најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Во последните десет години, на DOC NYC се прикажувале документарни филмови што потоа ја освоија наградата Оскар. Тамара Котевска е најавена како една од десетината специјални гости – автори со нов филм, меѓу кои се Вим Вендерс, Сем Полард, Рамин Бахрани итн. Каледиоскоп категоријата во која е селектиран филмот „Патување пеш“ (The Walk) наречена уште „нови документарни визии“, за филмови кои се стремат кон поетски и есеистички филмски израз. Ова е единствен филм во категоријата со светска премиера.


Филмот „Патување пеш“ (The Walk) го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом. Филмот се снимаше 2 години, на територија од повеќе од 10 земји. Во реализацијата на филмот, покрај режисерката Котевска учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, GrainMedia – искусна продукција од Лондон, два пати наградена со Оскар во документарна категорија.


Еден од поголемите продукциски куќи кои застанаа позади филмот е Participant Media, една од најуспешните американски продукциски компании последниве 15 години, со 18 освоени награди од 73 номинации за Оскар.

Kако македонски копродуцент се јавува ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.


Европската премиера на филмот се очекува да биде на пролет, на еден од поголемите европски филмски фестивали.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …