Добрила во Дојран наполни 95 години и си ја исполни својата најголема желба

Добрила Ивановска Чабриќ наполни 95 години и важи за една од најстарите пејачки на Балканот. Таа е и најстарата учесничка во „Никогаш не е доцна“ и конечно си ја исполни својата најголема желба.

Добрила во интервју за Гранд откри дека конечно си купила нов автомобил, и со тоа си ја остварила желбата.


Во интервјуто за Гранд таа открива и како ги оминува деновите во Дојран:

„Пливам секој ден, тоа е одлична физичка активност за сите, без разлика на годините. Тука сум со друштво, сакам да сум во големо друштво, а јас, фала му на Бога, го имам. Се бањаме, се забавуваме во Дојрана покрај езерото. Сега алгите во езерото расцветани, па водата е одлична, ем лековита, ем топла“, вели Добрила за Гранд.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите …