ДАЛАЈ ЛАМА ЗА СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ: „Парите не можат да купат ниту среќа ниту здравје“

Далај Лама еднаш рекол дека е најмногу изненаден од човечката природа
За време на едно интервју, Далај Лама бил запрашан што најмногу го изненадува на овој свет и која е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот по кој одите…

– Она што најмногу ме изненадува е човечката природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа жртвуваат пари за да си го вратат здравјето, а потоа толку многу се грижат за иднината што не уживаат во сегашноста. Како резултат на тоа, тие не живеат во сегашноста или иднината, тие живеат како никогаш дека нема да умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.


– Живееме многу чудно и нелогично. Одиме на работа што не ја сакаме за да заработиме, која потоа оди на лекување. Кога го правите она што не можете да го поднесете, тоа неизмерно му штети на вашето здравје. Сите го разбираме тоа, но поради некоја причина цврсто веруваме дека парите можат да поправат сè – рекол тој, а потоа им дал совет на луѓето:


– Застанете и размислете: Парите не можат да купат ниту среќа ниту здравје. Тоа е единствената вистина за која треба да се размислува. Суштината на животот е да се биде среќен. Сепак, сите наши мисли се окупирани со материјални работи. Понекогаш се чини дека сме на оваа Земја – само за да работиме и да заработиме пари. На некој начин изгледаме како робови – едноставно не го сфаќаме тоа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Пресвета Богородица

Собор на Пресвета Богородица На вториот ден од Божик христијанската Црква ? оддава слава на …