ДА ПОМОГНЕМЕ! ПОРАДИ НЕНАВРЕМЕНА ПОСТАВЕНА ДИЈАГНОЗА, ПЕТАР ДОБИЛ СКОЛИОЗА ЗА КОЈА Е ПОТРЕБНА ХИРУШКА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Човечката хуманост не треба да има граници. Секоја помош е добредојдена, во рамките на можностите на секој поединец или група. А, да се помогне значи да се почитува животот, да се почитува секое човечко битие, тоа значи дарба која секој ја има. Сега, помош од СИТЕ НАС му треба на момчето Петар од Охрид.

Поради не навреме поставена дијагноза, Петар добил сколиоза за која е потребна итна хирушка интервенција во Турција. Неговата мајка , Гордана Попоска, грчивто се бори за својот син и топло моли до сите добродушни и хумани луѓе од Македонија и странство , како и опшествено одговорни компании, за помош и во своеот обрјаќање до нас напиша:


„ Почитувани пријатели, ова е мојот син Петар има 22 год и боледува од ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од не навреме поставена дијагноза, денес Петар има сколиоза за која е потребна хирушка интервенција. Истата не може да се изведе во Македонија, па затоа мора да се оперира во Турција за која се потребни околу 50 илјади евра. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума и приморани сме на овој начин т.е. со донации .

Затоа ве молам, хумани луѓе донирајте кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе успешното лекување на Петар. Број на трансакциска сметка


HALKBANK : 270-7000821760.21 Гордана Попоска

IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22


Броеви за донации

А1 : 143460

Телеком :143 128

линкот за странство е; https://gofund.me/03bc7b3c

На Петар екипата на Радио Пела му посакува успешено лекување и со здравје да не посети во нашата радио станица!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …