Д-р Пановски: „Ковид кризата поттикна милионско профитерство, епидемијата не може да се води со средства на граѓаните“

Микробиологот Никола Пановски во емисија на Телевизија 24 обвини за воено профитерство на приватните болници.
Смета дека во кризна состојба, државата не смеела да дозволи да профитираат на грбот на граѓаните, туки сите заеднички да работат под фондот за здравство.
„Епидемија не може да се води со средства на граѓаните“, вели Пановски.
-Веројатно има некој интерес за тоа да се дозволи. Не знам зошто би се дозволило инаку медицинските лица да работат со опасност, да викате дека тоа е нивна работа. Нивна работа е за лична болест на некој човек кога се лекува, да избере кај се лекува. Ова е епидемија, пандемија, ова е општа работа, значи не може да се дозволи на некој да работи со тие цени во време на пандемија – рече Пановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …