„ЧУВАРИ НА ПЛАНЕТАТА“ ПОВТОРНО ВО ЈАВНА СОБА

Со пролетта заедно се враќа и претставата за деца „Чувари на планетата“ во авторство на Надица Петрова и во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје.
Еколошка претстава која поучува и за суштествените доблести, за пријателството, природата и едно дрво кое ќе биде спасено само ако сите помогнат и ги решат загатките на самовилата. Извидникот Боби, јагнето Џој и самовилата Авелина ја водат приказната, а улогите ги толкуваат Надица Петрова, Бобан Алексоски и Марија Баркова. До сега претставата се играше во повеќе градови низ Македонија и во Скопје, на 19.03 во недела 14 часот во Јавна Соба Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …