Web

Бојана Вунтуришевиќ и Алембик на Прво па женско 11

Во сабота (13 мај), како дел од концертната програма на фестивалот за промоција на феминистичката култура и активизам – Прво па женско, ќе имаме прилика да ги гледаме Бојана Вунтуришевиќ од Белград и дуото Алембик од Скопје. Концертот почнува во 21 часот во денсинг салата на Младинскиот Културен Центар.

This image has an empty alt attribute; its file name is bojana.jpg


Бојана Вунтуришевиќ, една од најактуелните кантавторки во регионов. Ја знаеме како како пејачка на инди поп бендот Svi na pod! А од 2016 година почнува и со соло кариера. Нејзиниот деби албум Daljine доби многу позитивни критики и признанија, а во 2021 година со песната „Пари”, го најави и вториот албум „Ljubav”, кој го издаде во февруари оваа година. Вунтуришевиќ го опишува нејзиниот стил како „капиталистички блуз” и црпи влијанија од инди поп, трип хоп и денсхол. Заедно со Бојана доаѓа и Пеџа Милутиновиќ, да растури на бубањ!

This image has an empty alt attribute; its file name is alembic.jpg


Алембик се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас гитара, мандола, вокал) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името).

Билетите за концертот се по цена од 200 денари и можат да се купат онлајн или на билетарницата на МКЦ.


#ППЖ11 е поддржан од: Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура.
Концертот е во соработка со Младински Културен Центар и Liveurope.

Web

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …