Апликација за откривање кој ви ѕвони од непознат број

Сигурно ве нервира кога ќе видите дека имате повик од непознат број, но и на ова му дојде крај, со помош на технологијата…

Фејсбук веројатно знае многу за вас, како и за мистериозните лица кои ви ѕвонат. Затоа компанијата претстави нова апликација која би требало да го реши проблемот со непознати броеви.
Апликацијата Hello моментално е достапна само на Android уредите и користи податоци од Фејбсук како би ви открила кој се крие зад непознатите броеви.
Секако, оваа апликација ќе ви открие кој стои зад непознатиот број доколку тоа лице ги споделило своите контакти на социјалните мрежи.
Доколку сте го оставиле својот број на телефон на Фејсбук, лицата со оваа апликација ќе знаат дека ги повикувате, дури и ако го немаат меморирано вашиот број во телефонот.
Оваа апликација исто така може да ја користите за да телефонирате или да пронајдете броеви кои ви требаат на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …