Еден од најпознатите продуценти и судии на американскиот и британскиот „Supertalent“, ги шокираше сите со својата изјава дека во последните три години не користи мобилен телефон .
Сајмон Кауел изјавил дека едно утро се разбудил и видел дека има над 52. непрочитани пораки на телефонот, тогаш тој одлучил да го исклучи својот мобилен телефон и до ден денес не го вклучил.
„Се разбудив едно утро и имав 52. непрочитани пораки. Мислев дека ако одговорам на секоја истиот ден дека ќе добијам уште повеќе, во ист ден“, рекол Кауел за британските медиуми и додал:
„Сфатив дека тоа всушност ме спречува да работам и да живеам нормално, затоа го исклучив и помина месец, три месеци, потоа една година, потоа две години, а потоа три години. И јас уживам во тоа. Сфатив дека луѓето се дружат многу помалку заради мобилните телефони и дека по цел ден пишуваат пораки“, заклучил тој.