Конзумирањето одредени италијански сирења може да го заштити вашето срце, вели новата студија објавена во списанието „Journal of the American Society of Hypertension” (Американското друштво за хипертензија).
Студијата вклучувала и луѓе со висок крвен притисок кои секојдневно консумирале 28. грама полномасно тврдо сирење.
После два месеца им паднал притисокот, за разлика од групата луѓе кои консумирале „лажно“ сирење.
Полномасните тврди сирења содржат состојки кои можат да ги опуштат вашите крвни садови и со тоа да го намалат крвниот притисок.
Сепак, иако ова е добра вест за сите љубители на сирење, сепак треба да се ужива умерено.
Сите сирења содржат големи количини на масти и сол, па калориите можат многу брзо да се акумулираат во телото.
Авторите на споменатото истражување препорачуваат консумирање околу 28. грама дневно.
За здраво срце потребни се само 28. грама, но секој ден
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни