(ФОТО) КОРОНА ВИРУС – Кристина Ковач во Шведска:„Се полошо ми е, а Брза помош тука доаѓа само ако умирате!“


Српската музичарка Кристина Ковач, која живее во Шведска, објавила на Твитер дека е позитивна на коронавирус.
„Позитивно како врата, седми ден од болеста. Се влошува од ден на ден. Нема медицинска нега и следење на пациентите со КОВИД, само брза помош во случај на задушување/смрт”, напишала 46-годишната пејачка во Стокхолм на Твитер, предизвикувајќи бројни реакции.

https://twitter.com/kristinakovac/status/1338801203212410881


 

Судијата на првата сезона на регионалниот „Икс Фактор“ била лута и од написите на некои медиуми во Србија. Таа исто така истакнала дека тоа што се жали на шведската стратегија не го менува фактот дека „СНС и Вучиќ од Србија направиле пекол на Земјата“.


https://twitter.com/kristinakovac/status/1338597270133108736

https://twitter.com/kristinakovac/status/1338801202033811456


Да потсетиме, Кристина Ковач се преселила во Шведска пред една година, од каде редовно ги информирала своите следбеници преку својот профил на Твитер како се одвива нејзиниот процес на прилагодување кон новата земја.


Сега кога е позитивна на короната, пејачката објавила дека бидејќи е астматичарка и треба рендгенско снимање на белите дробови и тест на крвта, но шведскиот здравствен систем не може да и го обезбеди тоа, иако правилно плаќа здравствено осигурување.
„Не реков дека ми треба болница, туку Healthcare што редовно го плаќам преку данок од мојата плата. Ми треба рентген на белите дробови, крвен тест“, објаснила Кристина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дарко Андонов – ДААН со „Крајот е спас“: музичка почит и продолжување на едно семејно наследство

  Со песната „Крајот е спас“ македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов – ДААН …