44. ИФФК „Браќа Манаки”: Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на Фестивалот

Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија, традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември.

Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни.


This image has an empty alt attribute; its file name is brakja-manaki.jpg

Се очекува, во август, веќе да бидат познати резултатите од направената селекција.


Повеќе информации поврзани со критериумите за аплицирање ќе најдете на веб страната на Фестивалот (https://www.manaki.com.mk/) или може да се информирате на официјалната е-маил адреса на Фестивалот (office@manaki.com.mk).

Покрај повикот за филмови, на веб страната можете да најдете информации како да се акредитирате (имаме професионална, прес и друг вид акредитација).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …