Зошто Токму Јас? Горјан Јовановски снимил рап песна за да го вработат во холандска фирма

Во првата епизода од поткасот Стартап Револуција, Горјан Јовановски за прв пат открива како од пракса на креативен начин се изборил да добие понуда за работа во една од највлијателните компании во стартап светот The Next Web, но истовремено добива и понуда за работа во Booking.

Видео преземено од социјалните мрежи на Стартап Клуб Скопје:


https://www.instagram.com/p/DBg2WMzsZ5f/

Ексклузивно од Стартап Клуб Скопје споделуваат караток инсерт од приватната галерија на Горјан и видеото кое го снимил и испратил на Snapchat до главниот извршен директор на компанијата. Boris Veldhuijzen CEO и основач The Next Web бил фасциниран од неговиот пристап, храброст и креативности и веднаш му понудил вработување и покрај тоа што претходно бил одбиен за работната позиција.


Видеото веќе брои над 25 000 прегледи на социјалните мрежи, додека целата епизода од поткастот Стартап Револуција може да ја погледнете на следниот линк:

 


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Австриската уметност после 1945”

По повод 30 години воспоставена дипломатска соработка, Австриската амбасада во соработка со Националната галерија има …