Зоран Кесиќ за прв пат со ексклузивно шоу во Македонска Филхармонија

Зоран Кесиќ за прв пат во живо пред скопската публика со неверојатното шоу „Приказни и песни” доаѓа на 24-ти април во Македонска Филхармонија!

По 6 години и повеќе од 50 настапи на 3 континенти овој хумористично-сатирично-музичко-политичко-едукативен спектакл Таксират фестивал заедно со Скопје Комеди го носат и во Скопје!


Зоран Кесиќ е српски комичар, политички коментатор, новинар, еден од најпопуларните, ако не и најпопуларниот ТВ водител во целиот регион.

Тој е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести”, „Дезинформатор”, „Фајронт република” и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути”. „24 минути” е една од ретките политички сатири што можете да ги видите на телевизија, кои се занимаваат со дневните настани во регионот.


Зошто „Приказни и песни”? Затоа што Зоран Кесиќ зборува и пее!
Зошто неверојатно шоу? Затоа што ниту една претстава не е иста!

Во целовечерната изведба тој разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација. Секоја е обоена според местото на изведбата, моменталниот амбиент и моменталното расположение на изведувачот, и секој е единствен настан кој во таа форма ќе се случи тогаш и никогаш повеќе.


Билетите се веќе во продажба онлајн на mktickets.mk и во нивната продажна мрежа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …