Жените ги откриле најглупавите коментари за нивните тела: Некои од приказните „болат“ од што се глупави!

Твитерџиките покренале интересна тема на таа социјална мрежа – споделиле најбизарни работи кои ги прташале мажите или коментирале во врска со нивните тела…

“Жените, што е најглупавото нешто што некогаш ти го кажал човекот за вашиот пол, репродуктивно здравје, менструација и така натаму? Ајде да се справиме со овие будали”, напишала една твитерџика а одговорите се ределе….


“Кога имав 11 години, а мојот брат 14, ме праша дали мојата менструација ми пристигнува за време на викендите. Кога реков да, тој ми кажа дека му е жал”.

“Типот со кого одев, ме праша дали можам да го поместам мојот период, да не се совпадне со неговиот роденден. Не издржавме до неговиот роденден”.


“Одев со 21-годишно момче кое не знаеше дека менструалниот период вклучува крварење. Ме праша како знаеме дека менструацијата е завршена, а кога реков дека знаеме по тоа дека крварењето прекинува, тој извика:” Крварите?!”

“Мојот сопруг со кого сум во брак 13 години секој пат кога ќе имам период вика:’Повторно?’. Да, повторно, се извинувам,уште не сум ги отплатила. Аларм за спојлер – ќе дојде и следниот месец”.

“Татко ми ме забрани да користам тампони, бидејќи ќе ми ја одземале девственоста и бидејќи ‘ќе одам со пенис меѓу нозете'”. Тој сé уште верува во тоа”.

“Еден тип на колеџ ме убедуваше дека жената не може да забремени ако таа е горе за време на сексот”.

“Човекот што го знам беше убеден дека неговата ќерка се сексала во текот на летото, бидејќи нејзините гради нагло растеле, и се закануваше дека ќе и го земе телефонот, ја заклучуваше во куќата, а таа имаше 13 години и влегуваше во пубертет”.

View this post on Instagram

Sunday’s with you @elayworld_

A post shared by Couple Goals (@couplegoals) on

“За време на бременост, ми кажа дека не може да има секс со мене, бидејќи се плаши дека ќе го погоди детето во главата со пенисот и ќе го оштети. Ајде да речеме дека неговиот пенис нема да дофати толку далеку, никако”.

“Еден анестезиолог пред мене на жените им кажа дека не треба да им се дава анестезија за време на породувањето, бидејќи тие треба да се ‘откупуваат за гревовите на Ева’. Тој работи во болница”.

“Некои момци од моето средно школо не знаеа дека менструацијата не престанува додека спиеме и дека има менструални грчеви”.

View this post on Instagram

Vacation with babe @darlapursley @kuhkashi

A post shared by Couple Goals (@couplegoals) on

“Еден човек кого го знам мислеше дека менструацијата е во сина боја поради таа течност во рекламите”.

“Мојот гинеколог ми тврдеше дека е нормално жените да ги боли за време на сексот, и поради тоа тие помалку уживаат во сексуални односи отколку мажите во сексот.Веднаш најдов друг гинеколог”.

“Мислеше дека жените секој месец буквално произведуваат мини јајце, со форми како на пример чоколадни јајца”.

“Ме праша зошто одеднаш не го истуркам целиот период, наместо да страдам една недела”.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …