(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АВГАНИСТАНЦИ ПАЃААТ ОД АВИОН ВО ЛЕТ: Се закачиле за леталото во обидот да избегаат од земјата!


Откако вчера Талибанците влегоа во Кабул и официјално ја презедоа власта во Авганистан, настана хаос на аеродромот во главниот град.
Додека беа организирани летови за дипломати што се евакуираат од Авганистан, сите комерцијални летови од Кабул беа откажани.
И покрај ова, илјадници цивили се обидуваа да најдат начин да избегаат од земјата.
Големината на хаосот ја покажува видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како тројца Авганистанци се кријат покрај гума или под крилата на американски авион во обид да избегаат од земјата.
Тие откако авионот полетал паднале од леталото.


За потсетување, поради хаосот што се случи на аеродромот во Кабул, американските војници што го обезбедуваа овој објект пукаа во воздух.

Потоа беше објавено дека најмалку пет лица ги загубиле животите на овој аеродром.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …