Воспаление на дебело црево (колитис) – третман и диета

 

Истражувањата од последните години покажуваат дека колитисот како состојба е во постојан раст и се јавува кај се поголем број на граѓани. Без разлика на причините за појава, таа може да се јави и како краткотрајна, акутна, но и како хронична состојба која сериозно може да го наруши квалитетот на живот. Затоа е неопходно лицата кои се сомневаат на постоењето на оваа состојба да ги направат потребните анализи со цел потврда на дијагнозата и започнување на соодветен третман на состојбата. Важно е да се напомене дека покрај стандардната терапија, важна улога во третманот и смирување на самото воспаление имаат и диетата и примената на научно докажани билни додатоци.


Што е колитис?

Колитис претставува состојба на воспаление на цревата, пред се воспаление на дебелото црево (колонот) што ја нарушува неговата нормална функција и предизвикува појава на рани (чиреви). Најчесто се јавува во форма на улцерозен колитис при што самото воспаление ја зафаќа највнатрешната, епителна обвивка на дебелото црево и може да се јави само на едно или повеќе места на колонот. Вообичаено се развива постепено и дава од благи и умерени симптоми, до тешко воспаление и компликации кои бараат итен третман и можат да бидат многу опасни по здравјето.

Симптоми и главни причини за улцеративен колитис?

Најчестите симптоми на колитис и појавата на воспаление на цревото се:


  • Абдоминална болка и ректална болка
  • Грчеви во стомакот
  • Диареа и итност за дефекација (празнење на цревата),
  • Запек и неможност за дефекација
  • Крв во столицата (изметот)
  • Појава на слуз и гној во столицата (изметот)
  • Замор и губење на тежината
  • Треска

 

Причините за појавата на улцеративен колитис не се прецизно дефинирани од страна на науката. Се смета дека станува збор за состојба предизвикана од дефект на имунолошкиот систем. Конкретно, одредени инфекции на цревата предизвикани од бактерија или вирус може да иницираат активирање на автоимуни механизми и развој на колитис кај лица со нарушена имуна функција, што влијае и на самиот третман на болеста. Во тој случај третманот покрај смирување на воспалението и симптомите, е насочено и кон регулација на имунолошката функција. Исто така, потврдено е и дека стресот и исхраната силно влијаат на развојот и влошување на воспалението, затоа се препорачува нивната регулација и контрола да бидат задолжителен дел од самиот третман. Состојбата повеќе се јавува кај белата раса, подеднакво ги погодува и мажите и жените и најчесто се развива и пред 30тата година од животот.


Третман на колитис

Колитисот може да се јави на едно или повеќе места долж дебелото црево, што влијае и на развојот на симптоми, компликации и самиот третман на болеста. Добро е да се направат и лабораториски испитувања на крвта и примерок од столицата (изметот) со цел да се утврди постоењето и степенот на инфекција и воспаление, како и присуството на бактерии, паразити и други можни причинители во цревата. Зависно од причините, како терапија за колитис може да се употребат:

  • Антибиотици – за уништување на патогени бактерии во цревата,
  • Антиинфламаторни лекови – кортикостероиди, 5-аминосалицилати и други за смирување на воспалението и
  • Супресори на имунолошката функција – во случај да станува збор за Кронова болест или други автоимуни форми на колитис, со цел да се смири имуниот систем да го напаѓа ткивото на дебелото црево.

Точните методи на третман и терапија се одредува само врз база на направени детална анамнеза, информации за клиничката слика и добиените резултати од страна на иследувањата.

Денес научните истражувања потврдуваат дека постојат многу билки кои како лекови од природата може да помогнат во смирување на состојбата и заштита на обвивката во цревата. На пример постојат истражувања и клинички студии каде се потврдува дека примената на лековити билки применувани во народната медицина, како Алое вера, сладок корен, куркумата, Ајурведската мешавина Трифала и други билки помага во намалување на симптомите и подобрување на функцијата на дебелото црево, при оваа состојба. Повеќе информации како овие билни екстракти помагаат во превенцијата и третманот на болеста дознајте на Naturatherapy.mk

Диета за колитис – која храна не треба да се јаде?

Исхраната има клучна улога во контрола на состојбата. Иако можеби самата храна не може да се јави како директна причина, од неа во голема мера зависи манифестирањето на болеста и интензитетот на симптомите. Кога е во прашање диетотерапија при одредена болест најдобрите препораки доаѓаат од нутриционистот Сашко Дрвошански кој ни го советува следното.

Основна храна која треба да ја одбегнуваме:

  • Храна богата со масти (масно месо и намирници со процесирани масти),
  • Храна богата со додадени рафинирани шеќери,
  • Млеко и млечни производи (особено процесирани производи),
  • Кафе и други напитоци со кофеин,
  • Газирани пијалоци и алкохол,
  • Зачинета храна (лути зачини).

А зависно од видот и локацијата на воспалението, кај некои лица проблем може да прават и следните видови храна:

  • Сурови зеленчук и овошје (храна богата со растителни влакна),
  • Јатки, семиња и мешунки (храна богата со растителни влакна), како и пуканки,
  • Суво овошје и храна богата со засладувачот сорбитол,
  • Намирници богати со сулфур (како јајца, лук, кромид, зелка, брокула или карфиол).

Додека правилната исхрана, како дел од третманот и промените во начинот на живот, треба да се темели на следните принципи:

  1. Попосно месо (како бело месо или риба),
  2. Ферментирани, домашни (непроцесирани) млечни производи како јогурт, киселомлеко или кефир со помалку млечни масти,
  3. Лесно обарени или потпеченили сварен зеленчук и овошје (заради омекнување на влакната),
  4. Да се внимава на внесот на храна богата со железо (темно зелен лиснаст зеленчук) како и храна богата со витамин Б9 со цел да се спречи анемија,
  5. Да се користат омега 3 масни киселини, пробиотици, куркума, алое вера и да се пие редовно вода и чаеви со кои ќе се спречи дехидратација и ќе се смири дигестивниот систем (маточина, камилица, нане и др.).

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го …