Volkswagen ID.3 ја освои престижната награда за индустриски дизајн

  • 3[1] доминираше со највисоки оценки на Натпреварот за автомобилски бренд 2020
  • Новиот Golf и ID. SPACE VIZZION[2], исто така, освоија награди на меѓународно познатиот натпревар за дизајн на автомобилски брендови

БрендотVolkswagen доминираше на Натпреварот за автомобилски бренд 2020, обезбедувајќи вкупно пет награди во сегментот на автомобилски дизајн. ID.3, целосно електричниот предводник набрендот во иднината, беше прогласен за „Најдобар меѓунајдобрите“ во две категории. Новиот Golf и концепт возилотоID. SPACE VIZZION, исто така, беа меѓу добитниците оваа година. Натпреварот за автомобилскибренд е единствениот независен, меѓународен натпревар за дизајн на автомобилски брендови.

ID.3 ја освои титулата „Најдобар меѓу најдобрите“ во категориите „Exterior Volume Brand“ и „Interior Volume Brand“. Официјалната одлука на судиската комисија гласи: „ID.3 е експресивен, со кохерентна внатрешност и надворешност. ID.3 е импресивно современо толкување на типичниот, подобрен идиом за дизајн на Volkswagen – тоа е долгоочекуваниот, млад Volkswagen кој може да се пофали со храброст потребна да поттикне ново движење“.


КлаусБишоф, раководител на Дизајн групацијатана Volkswagen, изјави: „За нас, ID.3 претставува зора на новата ера на мобилност. Во исто време, тој е предвесник на доаѓањето на ерата на дигиталниот дизајн, во која имаме за цел виртуелно да ги создадеме најдобрите можни кориснички искуства кај сите тимовикористејќи врвни методи. Ова признание од судиската комисија покажува дека сме на вистинскиот пат“.

Новата осма генерација на Golf, лансиранaво Македонија на крајот на месец февруари оваа година, се појави како победник во годинашното натпреварување. Комисијата го идентификуваше возилото како победник во категориите „Exterior Volume Brand“ и „Interior Volume Brand“. ID. SPACE VIZZION, седмиот член на ID.семејството со совршена аеродинамика и многу простор, беше прогласен за победник во категоријата „Концепти“.


Натпреварот за автомобилски бренд е основан во 2011 година. Германскиот совет за дизајн (RatfürFormgebung), основан од германскиот Бундестаг во 1953 година, на овој начин дава признание на извонредниот дизајн на производи и комуникации и привлекува внимание на фундаменталната важност на брендот идизајнот набрендот во автомобилската индустрија. Интердисциплинарната комисија се состои од членови кои работат во медиуми, дизајн, индустриски компании, високообразовни институции и архитектура. Официјалната церемонија на доделувањето на наградите е предвидено да се одржи наесен во Франкфурт, Германија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …