Во Драмскиот Театар гостува претставата „Соѕвездија“ на Театарот Куманово

Во среда, 8 ноември 2023 година во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток од 20:00 часот, можете да ја погледенете претставата „Соѕвездија“ на кумановскиот театар. Претставата е работена според текстот на Ник Пејн, а во режија на Нела Витошевиќ.

Улоги: Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Давид Илиќ.


Асистент на режија: Драгана Гунин
Сценографија: Васил Христов
Композитор: Огнен Анастасовски
Костими: Розе Трајческа
Превод: Викторија Рангелова
Драматург: Зоран Зафировски
Дизајн на плакат: Нина Максимова
Инспициент: Антонио Пешевски
Светло мајстор: Звонимир Мицевски
Тон мајстор: Звонимир Мицевски
Суфлер: Виктор Величковски
Гардеробер: Елизабета Накевска
Реквизитер: Драгана Стојмановска
Сценски декоратери: Јовица Николовски, Марјан Милановски, Лила Зафировска, Бобан Милановски, Игор Душановски, Саљим Хамдија, Исак Јаихии, Зорица Милошевска
Набавувачи: Снежана Стојановска, Јовица Цветковски
Маркетинг: Себихана Скендеровска, Јоана Серафимовска
Директор: Сашо Тодоровски

Претстава за изборот на одлуки што го дефинираат правецот на нашиот живот, за слободната волја, за улогите на случајноста и неочекуваните ситуации (што ни ги носи животот), за загубата и разделбата од најблиските. Шест актери, ослободени од претензија за атрактивност и допадливост, постепено градат мозаик од стилски повторувања на зададена тема, кој прераснува во мошне прецизен механизам и ја развива до крај драмски софистицираната приказна за љубовта помеѓу пчеларот Роланд и физичарката (космолог) Мериен. Тргнувајќи од основните поставки на квантната физика се преиспитуваат варијациите на љубовниот однос и можностите за негов развој во паралелни универзуми, како и феноменот на времето и паралелното постоење во таканаречениот „мултиверзум“…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …