„Вивид“ – Студентска изложба и филмски проекции

Во сабота на 24 февруари во 20:00 часот, во (Јавна соба), ќе се одржи завршната изложба на студентите од „SKALA School – Џолев и уметностите“ од курсевите: Фотографија, Цртање и сликање, Кроење и шиење и проекција на кратки филмски етиди од Обуката за Филмски актер.

Време е да ги нахраниш сетилата со нови вивидни визулени искуства- дојди на нашата завршна изложба на курсеви и обуки за возрасни и млади.


Биди дел од спојот на автентични дела и проследи ја заедно со нас креативната авантура од 24 сезона на курсеви во 2024 година.

Вечерта ќе бидат доделени и сертификати од страна на менторите за XXIV сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од октомври 2023 до јануари 2024 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …