(ВИДЕО+ФОТО) Во Грузија пронајдена колекција на најголемите автомобилски класици

По социјалните мрежи се шеруваат фотографии од бункерот во кој под дебел слој прашина лежат автомобилски класиците.
Не е познато кој е сопственик на колекцијата, но сосема е сигурно дека станува збор за една од најсеопфатните колекции на јангтајмери, модерни класици кои ги одбележаа последните децении на последниот милениум.


Станува збор за приватна колекција лоцирана во гаражи недалеку од Тбилиси, која, заедно со безброј класици на германската автомобилска индустрија, донесува автомобили како што се Lancia Delta HF Integrale, Corvette ZR1, итн. Интересно,тука има и тјунерски посластици, специјални перформанси. дури и кралски луксуз како „Мајбах“ и „Мерцедес С600“. Исто така, некои од обожавателите го препознаа BMW M5 (E34) во кој „жарел и палел“ Ѓорѓи Тевзадзе.


Потеклото, но и судбината на ова вистинско богатство за автомобили се непознати. Тешко е да се каже уште колку овие автомобили ќе бидат скриени од очите на јавноста во темнината на подземниот свет под дебел слој прашина. Сигурно е само дека, доколку некогаш се појават на продажба, тие ќе бидат грабнати за рекордно време.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …