(ВИДЕО+ФОТО) Ова е една од најопасните работи на светот: Додека сите следат што прават авантуристите, на нив никој не мисли но затоа заработуваат огромни пари и до 130.000 долари по експедиција!

Секоја година повеќе од 700 луѓе се качуваат на Монт Еверест, а рекордот во бројот на оние кои сакаат да го освојат бил соборен оваа година.

Оваа година дури 381 лице добиле дозвола за искачување на Монт Еверерст со што е соборен рекордот.Сепак, следејќи ги авантурите на алпинистите никој не мисли на нивните водачи. Повеќето експедиции изнајмуваат комерцијални водичи и за тоа плаќаат меѓу 60.000 и 65.000 долари, наведува Британскиот планинарски совет.


Тоа вклучува водич и шерпас, кој обично ги носи работите на алпинистите, за полесно да се искачат на врвот. Таквите авантура достигнуваат цена и до 100.000 долари.


Подалеку од тоа отишла компанијата “Seven Summit Tracks”, која во понудата има пакет VVIP Mont Everest, по цена од 130.000 долари по лице.Тој вклучува вечера за добредојде, престој во хотелот Катманду со пет ѕвездички, приватен пекар и бар во базниот камп, лична топла кујна, туш и шатор во базниот камп, сите три оброци и неограничена количина на чај и кафе, користење на приватен хеликоптер и личен фотограф, кој ќе го документира секој дел од освојувањето на највисоката планина на светот.

Пакетот не вклучува меѓународни летови за и од Непал, потреба опрема или совети за планинарите. Иако е поевтино да се изнајми локална експедиција во Непал, и тоа чини околу 35.000 долари. А тука е и опремата која е задолжителна и скапа.



И за тоа има интерес, што се гледа по бројноста на алпинистичките експедиции. Дури ни сериозната опасност и непредвидливост на Кровот на светот не ги спречува авантуристите да се обидат да го освојат.

Само минатата недела 11 планинари настрадале на Монт Еверест. Некои од нив поради пренатрупаност на планината.

Многу од нив, имено, се во исто време на Еверест во кратка временска рамка кога условите се најдобри. Тоа резултира со чекање во планинската зона на смртта, каде нема доволно кислород за да преживеат клетките во човековото тело.

Екран.мк/Business insider
Фото: Business insider

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …