(ВИДЕО+ФОТО) Ја нарекуваат „спонзоруша“ но таа не ја остава љубовта на својот живот:„Свршеникот е двојно постар и со друга боја на кожа, но јас го обожувам!“

Поради нивната врска се прекинати и некои негови и нејзини пријателства стари повеќе години, но тоа не ги оддалечило, туку напротив, ги зајакнало, објаснува Најлах и вели дека се „битни темелите“, а не фасадата…

Мексиканката Најла Мухамад (24) од Аризона е верена за татко на четири деца кој е двојно постар од неа, Џон Малот (48), и вели дека во него се вљубила на прв поглед.
Фитнес инструкторката Најлах го запознала Џон во 2016. година во клуб во кој со своите пријатели славел роденден, а како што вели тие се неразделни откако ги запознал нивен заеднички пријател. Симпатиите со текот на времето прераснале во љубов.


Heading to our favorite dinner spot in Milwaukee tonight!


Gepostet von John Malott am Freitag, 6. Juli 2018

Парот никако не наишол на одобрување од луѓето кои им се блиски. Неговата ќерка која има 25. години не сакала никогаш да се запознае ниту да зборува со Најлах. Дури се обидувале да ги разделат ширејќи невистини за тоа дека Џон ја изневерува.


May every day be a holiday! May happiness be naturally attracted to you. May you find the one that makes your heart sing. May every day feel like a day at the beach! Happy Holidays from our beach to yours! 🏝

Gepostet von John Malott am Dienstag, 25. Dezember 2018

Сепак, парот останал во врска и една година подоцна Џон ја запросил својата девојка. Во меѓувреме неговата ќерка го променила мислењето за нив двајца. Инаку, Џон има четири ќерки: Џесика (18), Кариса (25), Лаурен (26) и најмладата која има само девет години.
“Никогаш не мислев дека некогаш толку многу ќе се вљубам и тоа само после неколку недели откако се запознавме, но со оглед на тоа дека постојано бевме заедно љубовта не преплави”, раскажа Најлах.

Understand the power of association. I associate with those that lift me, inspire me, and push me to to be better. Show some love, comment your best associations 👇🏼👇🏼👇🏼

Gepostet von John Malott am Sonntag, 3. Juni 2018

Таа признала дека Џон ја освоил со своите движења на подиумот, а покрај тоа тој е многу харизматичен, згоден и има добро срце. Додава дека нејзиното семејство на почеток не ја прифатило нивната врска, но кога подобро го запознале сфатиле колку нивната врска е сериозна.

When you know you know!#entrepreneurcouple #interracialcouple #powercouple #buildyourempire

Gepostet von John Malott am Donnerstag, 29. November 2018

“Беше тешко со неговите деца, особено со ќерката која е на мои години и која не сакаше да се запознае со мене. Кога конечно се запознавме станавме блиски и сега заедно излегуваме и сите се радуваат за нашата свадба”, додала возбудената Најлах.

I'm a movement by myselfBut I'm a force when we're togetherMami, I'm good all by myselfBut, baby, you, you make me better

Gepostet von John Malott am Montag, 17. Dezember 2018

“Џон и јас не сме иста раса, јас сум црна, а тој бел. Не сме на исти години. Поради тоа на луѓето им беше непријатно да бидат во наше друштво, па тешко беше да се поднесат некои погледи. Луѓето понекогаш шепотат кога поминуваме, а најчесто слушам: ’Зошто си со тој старец?’ и ’Спонзорушо’”, заклучила Најлах.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Харитон Исповедник

Преподобен Харитон Исповедник Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата …