(ВИДЕО) ТикТакер сакал да се пошегува со муштеријата, па опасно ЗАЖАЛИЛ: Почнал да плаче како ранет!

Не можел ни да замисли што ќе му се случи…
Еден тиктокер се нашол во неволја откако избрал погрешна личност за шега во видеото за неговиот профил на TikTok.
Корисник на оваа социјална мрежа, на фановите познат како Џеј, отишол во продавницата за железарија сакајќи да направи неколку видеа заради критики, лајкови и популарност, но не ни помислувал дека нешто ќе тргне наопаку.
Целите на Џеј обично се смеат на неговите шеги или едноставно си заминуваат, но овој пат тој избрал погрешна личност и на крајот бил фрлен на под и притиснат со зафат на боречки вештини.
Имено, Џеј му пришол на еден од клиентите, зел нешто што личело на ПВЦ цевка за да го користи предметот како мегафон и се развикал близу увото на човекот.
Тој реагирал рефлексно и го фрлил на подот, пред момчето да успее да му објасни дека се работи за шега.

https://twitter.com/NoContextHumans/status/1505083234320855041


„Тоа е само шега“, се слушнало Џеј како панично вреска додека го притискало телото на човекот кој очигледно не му дозволил да направи вакво нешто.
Видеото оттогаш стана вирално на повеќе платформи на социјалните мрежи, собра милиони прегледи и илјадници коментари.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …