(ВИДЕО) Температури и до минус 50 – Како луѓето кои живеат во најстудениот град на планетата ги загреваат своите домови: Сметка за греење од 8 долари

Марија Солко е Јутјубер која живее во Јакутск, често нарекуван најстудениот град на светот, а во своето неодамнешно видео објасни како луѓето се загреваат на место каде температурите често достигнуваат и до минус 50 степени Целзиусови.
„Како успеваме да се загрееме кога сè околу нас е замрзнато?“,вели на почетокот на видеото, објаснувајќи како ги загреваат зградите во една од најекстремните клими во светот?
Таа објаснила дека во зградите главно се користат два начина на греење – централно и индивидуално греење на гас. Повеќето згради изградени пред 2010 година ја користат првата опција.


„о оглед на тоа дека земјата е замрзната, цевките мора да бидат над земја, а често има и пукнатини на нив. Најголемиот недостаток на овој тип на греење е што сопствениците на станови не можат да ја контролираат температурата“, рекла Марија.
Што се однесува до втората опција, секој стан може да ја контролира температурата во својот дом. Зградата во која живее Марија има тројна врата за да ја одржува топлината внатре.
Открила дека во декември за парно платила само осум долари за 120 кубни метри плин, додека нејзините роднини кои живеат во зграда со парно,централно греење, плаќале 130 долари за 76 кубни метри гас.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Лицето му е позатегнато од ТАПАН, наскоро нема да може ни да трепне“: Бред Пит е мета на потсмев, фановите тврдат дека ПОЗНАТИОТ АКТЕР претерал со ботокс

Познатиот актер Бред Пит со години важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд. Иако …