Jeep Avenger ја освои наградата Автомобил на годината за 2023 година на церемонијата одржана за прв пат на меѓународниот саем за автомобили во Брисел.
Avenger добил 328 поени и 21 врвен глас од жирито за Автомобил на годината. Ова е првпат американскиот бренд, кој сега е дел од групацијата Stellantis, да го освои овој престижен трофеј.
Оваа престижна награда годинава го прославува своето 60-то издание.
Вкупно 57 членови на жирито од 22 европски земји дале 241 глас за Volkswagen ID. Buzz кој беше втор, остварил 16 врвни квалификации. На третото место е Nissan Ariya со 211 бодови, додека Kia Niro е четврта со 200 бодови. Renault Austral со 163 бодови се најде на петтата позиција, додека Peugeot 408 е шести со 149 бодови. Рангирањето завршува со Subaru Solterra/Toyota bZ4X, со 133 поени.