(ВИДЕО) Посна пита со праз, печурки и спанаќ: Идеална за појадок или ужина

Пита на посен начин
Потребно е:
готови тенки кори
1 голем страк праз
300 гр печурки
100 гр спанаќ
3 чешниња лук
сув зачин
мелен пипер по вкус
2 лажици ајвар
масло
Подготовка:
На масло пропржете го сечканиот праз, па додајте ги печурките исечени на кришки. Кон крајот додадете го спанаќот кој може малку да се свари и исечка.
Додадете сецкан лук и суви зачини. Убаво изедначете ја смесата. Намачкајте го филот врз корите и забвиткајте во ролна. Корите може да се редат и по три и по желба да се виткаат во потенки ролати.
Се редат на подмачкан плех, се мачкаат со масло и се посипуваат со сусам. Ролатите исечкајте ги на помали парчиња и печете ги 50 минути на 200 степени.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СУЗАНА МАНЧИЌ НА 68 ГОДИНИ ГО ПОКАЖАЛА ТЕЛОТО во костим за капење: Сите се согласуваат – изгледа како „БОМБА“

Сузана Манчиќ на 68 години на плажа покажала затегнато тело на кое би и позавиделе …