(ВИДЕО) Овие возачи мислеле дека возат низ локва, а потоа се изненадиле…

САМО ретките теренски возила смеат да возат низ водени препреки подлабоки од половина метар, додека на други не им се препорачува повеќе од десет сантиметри.
По овој канал во Велика Британија се чини дека возат сите, од возачи на автомобили, преку оние во скапи теренци, до комбиња за испорака. Верувале или не, студиите покажуваат дека 74% од возачите се подготвени да ризикуваат и да возат. Видеото подолу покажува како сите возат низ овие препреки кои само храбрите ќе ги наречат „локви“.
Станува збор за премин низ паркот во Рафорд Мил во Нотингемшир, каде по невремето огромна локва останала на патот. YouTube каналот Benrengers објави видео во кое бројни возила се обидуваат да ја поминат пречката. Некои имаат среќа, а некои стојат на средина или по локва соочувајќи се со екстремно скапи поправки.


Станува збор за еден од премините, кој обично е длабок само неколку сантиметри, но по дождот се акумулира значително повеќе вода и потоа почнуваат проблемите, пишува Би-Би-Си. Понекогаш длабочината на водата е над 1,2 метри, што значи дека веројатно секој автомобил во обид да помине ќе остане заробен во водата. А и’ покрај сообраќајниот предупредувачки знак, многумина сакаат да си ја пробаат среќата.
Работата да биде уште полоша, некои возачи мислат дека ако забрзаат, полесно ќе ја поминат пречката. Возачот на белиот БМВ на своја кожа почувствувал дека тоа е лоша идеја. Автомобилот е влечен со закочени задни тркала.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …