Сараевчанецот Амар Демшулов спасил куче кое вчера се заглавило во жива ограда, задушувајќи се под големи наноси на вода во Илиџа.
Демшулов рекол дека од балконот на куќата видел куче како се дави во водата и дека веднаш притрчал да му помогне на загрозеното животно.
– Соседот го пушти од ланецот за да сам бори, а кучето се заглави во жива ограда. Струјата на реката беше неверојатно брза, а кучето се бореше со последните атоми енергија. Излегов од куќата во долна облека и се пробив низ водата за да го спасам. Беше многу тежок бидејќи крзното му беше натопено со вода, но успеавме да го спасиме, да го нахраниме и да го пренесеме на безбедно – изјавил Демшулов.
Ова не е единствениот ваков случај што се случил во последните неколку дена, а преку кој сараевчани имале можност да бидат сведоци на големата хуманост на луѓето.
Неколку граѓани веќе спасиле загрозени животни од поплавите кои неделава зафатија бројни делови на БиХ, а посебно се издвојува акцијата на членовите на ФУЦЗ кои на почетокот на неделава спасија неколку животни од давење.
Фото: Принтскрин/YouTube
ekran платформа за слободоумни