(ВИДЕО) Како звучи студениот старт на еден од најмоќните автомобили на денешницата?

Bugatti Chiron Super Sport 300+ чини 3,5 милиони евра, а планирана е ограничена серија од само 30. примероци.
Во септември 2019. година, Bugatti го претстави еден од најмоќните сериски хиперавтомобили што ги видела автомобилската индустрија.
Chiron Super Sport 300+ чини 3,5 милиони евра, а „300+“ симболично значи максимална брзина на автомобилот, која е поголема од 300 милји на час (482,8 km/h). Го придвижува модифицираниот 8.0 W16 со 4 турбополначи кој развива 1.600 КС.
Се прашувате како звучи кога ова чудовиште од моторот е ладно? Погледнете го видеото подолу.
Всушност, тука нема што да се види, бидејќи видеото ни го прикажува само задниот дел на Bugatti. Сепак, има многу што да се слушне, затоа зголемете ја јачината на звукот:


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …