Пред не цела недела како најава на нејзиниот прв солистички концерт во Филхармонија, Бојана Скендеровски ја објави најновата песна „Нема, нема“…
Автор на музиката и аранжманот е Никола Мицевски, додека текстот е на Борче Нечовски.
Бојана во „Нема, нема“ ни се претставува во друго светло, малку повесело и по првите преслушувања и рековме дека има хит – но не краткорочен туку од оние кои траат долго и остануваат.
НЕМА, НЕМА
Влегувам во твојте мисли,
како крадец сум,
кој сака се да знае,
што и да е
Признавам,
некогаш малку
љубоморна сум,
без факти ама
барем упорна сум
Реф: Нема, нема, нема,
на светот жена,
за љубовта да не е спремна
Нема, нема, нема,
ни една нема,
да љуби а да
не е жедна
Спремна сум на се
да бидам твоја последна,
а планот ми е бесен,
не си свесен
Признавам,
некогаш малку
љубоморна сум,
без факти ама
барем упорна сум
Дали и Вие се согласувате со нас?
Преслушајте ја „Нема, нема“ и сами донесете заклучок…
Фото: Принтскрин/YouTube
ekran платформа за слободоумни