Само неколку дена пред доделувањето на Оскарите, Деми Мур наместо да се фокусира на подготовката на својот говор за потенцијална победа во категоријата „Најдобра актерка“ за филмот „Substanca“, се соочила со непријатно потсетување на минатото. Личните дневници на актерката, стари речиси четири децении, се пронајдени во контејнер!
Според Daily Mail, белешките биле скриени во плик со ознака „Личните мемоари на Деми“, а ги пронашол работник на имот каде што имало складиште што го користеле и Деми Мур и нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис. Кога семејството Вилис решило да ја исчисти гаражата и да се ослободи од непотребните работи, старите дневници завршиле во ѓубре.
Деми Мур со години водела детални дневници, запишувајќи ги нејзините чувства, стравови, неуспешни љубовни приказни и борба со зависноста. Нејзините признанија откриваат детали од нејзиното детство, турбулентните врски и периодот кога алкохолот и дрогата се заканувале да и го уништат животот.
View this post on Instagram
Еден од најшокантните пасуси се однесувал на нејзиниот прв брак со музичарот Фреди Мур. Актерката признала дека му била неверна ноќта пред свадбата:
„Ноќта пред свадбата, зедов шише шампањ и отидов во куќата на еден актер со кој снимав филм во тоа време. Се разбудив во 10:30 наутро и требаше да бидам подготвена до еден. Доцнев,бевмамурна и преплавенасо чувството на вина. Следните три години не беа ништо подобри-пиев уште повеќе и почнав да користам дрога. Имав многу афери но тие беа обид да го скријам она што не сакав да си го признаам. Се гадев сама од себе себеси – не само поради лековите, туку и поради тоа како се однесував со луѓето“.
View this post on Instagram
Денови на опивање и траума од детството
Во една од белешките од јануари 1986 година, Деми опишува како се онесвестила откако испила бокал со коктелот „Камиказе“ во хотелска соба. Нејзините борби со зависноста биле долги и исцрпувачки, а таа конечно успеала да ги надмине дури неколку години подоцна.
Актерката во своите дневници пишува и за тешкото детство обележано со пијанството на нејзините родители, семејните расправии и честите преселби. Еден од најтрогателните спомени се однесува на ноќта кога нејзината мајка се обидела да се самоубие:
„Слушнав како мајка ми плаче хистерично. Кога излегов да видам што се случува, ја видов како се обидува да проголта цела кутија со апчиња. Татко ми се обиде да ја спречи, но две раце не беа доволни. Кога ме виде, ми рече: ‘Ќе ја држам, ти извади и ги таблетите од уста'”.
Мур пишува и за тоа како нејзината мајка ја водела во барови и како често ги мешале со нејзините сестри:
„Имав четиринаесет и пол години, но изгледав како да имам дваесет и пет. Речиси секогаш ми ставаа пијалок“.
View this post on Instagram
Мајка и ја продала Деми за 500 долари!
Еден од најстрашните делови од дневникот се однесува на трауматичен настан од нејзините тинејџерски години. Актерката тврди дека нејзината мајка ја продала на богат, постар маж за 500 долари!
„Тој сакаше да излегува со мене. Бев очајна. Успеав да избегнам да спијам со него некое време, но еден ден ме зароби. Ја молев мајка ми да не ме остава, но таа постојано велеше дека тоа нема да трае долго. Дали сфаќаше низ што поминувам? Сопствената мајка ме продаде за 500 долари. Се чувствував валкано и понижено. Кога таа ги зеде парите, си заминав”.
View this post on Instagram
Сон кој наскоро би можел да стане реалност
На една од последните страници од пронајдениот дневник Деми ги напишала своите желби за иднината. Меѓу нив брак, деца и – Оскар!
„Сакам да бидам почитувана актерка. Сакам да добијам Оскар!”
Години подоцна, таа желба конечно може да се оствари. Мур е фаворит за наградата во категоријата најдобра актерка, но неочекуваниот скандал се заканува да го засени нејзиниот голем момент. Останува да видиме дали оваа афера ќе влијае на нејзините шанси или, напротив, ќе го потсети светот на силата на жената која ги преживеала најтемните периоди од нејзиниот живот и излегла како победник.
Фото: Архива